Профил
Адвокатската канцеларија “Чукиќ & Марков” e основана на ден 31.03.2006 година во Скопје, Р. Македонија од страна на адвокатите - партнери Серјожа Марков и Лазар Чукиќ кои воедно се и менаџери на адвокатската канцеларија.
Пред да започнат да работат заедно, двајцата адвокати имаат работено во посебни адвокатски канцеларии. Серјожа Марков диполомирал на правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и специјализирал право на осигурување и воздухополовно право во две адвокатски компании “Eversheeds” и “Constant & Constant” во Лондон.
Таткото на Серјожа Марков - Адвокатот Илија Марков бил роден во 1939 година. Тој ја отворил својата адвокатска канцеларија во 1967 година во која работел се до неговата смрт - во 1993 година. Адвокатот Серјожа Марков во 1997 година повторно ја отворил канцеларијата на својот татко и продолжил да работи во истата.
Лазар Чукиќ диполомирал на правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Тој бил член на ”Арбитражата на Македонската Берза” и правен советник во “Македонската Брокерска Асоцијација”.
Таткото на Лазар Чукиќ - Г-дин Иван Чукиќ бил роден во 1938 година. Тој ја започнал својата правна кариера во 1963 година како Јавен Правобранител. Во 1995 година Г-дин Иван Чукиќ ја отворил својата адвокатска канцеларија во која работел заедно со својот син - Адвокатот Лазар Чукиќ, се до 2003 година кога и се пензионирал. По пензионирањето на својот татко, Адвокат Лазар Чукиќ продолжил да работи во истата адвокатска канцеларија.
Нашиот тим се состои од адвокати, стручни соработници и приправници кои се експерти во различни области на Стопанско право. Ние имаме постојана соработка со многу соработници и поддршка од добро познати советници во посебни области. Сите вработени одлично го познаваат англискиот јазик, а некои од нив добро ги владеат и германскиот, италијанскиот и шпанскиот јазик.
Ние сме посветени во обезбедување на високо квалитетни, динамични и сеопфатни правни услуги на нашите ценети клиенти.